Цветкоска до власта: Не ги затварам очите, попрво ископајте ги

Истражувачката новинарка Сашка Цветковска која беше оштар критичар на владата на Груевски со критика на тезите на власта која признава дека СДСМ и ДУИ владеат лошо но тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ се полоши и дека ако се урне Заев ќе дојде “лошиот” Мицкоски.

“Нијанси се во прашање ама двојат. Отприлика мантрата на владиниве портпароли и други безобразници: Пошто имало бетер ова треба да е у реду. И ко ќе се вратат страшилата вие ќе сте криви. Не може ја да бидам крива за сите балдзи, баби и кумашини и тендерчиња и другарчиња. Да ги затворам очиве? Е па ископајте ги попрво”, пишува Цветковска.

Една од главните тези на пропагандата на власта е таа поврзана со лошото владеење на сегашната опозиција во времето на Груевски и барањето од граѓаните да го одберат СДСМ како помало зло.

Дел од новинарите како Цветковска не се согласуваат со ваквата пропаганда на власта и не се откажуваат од аргументирани критики.

SHARE