индивидуалното и колективното носење на маски ја намалува веројатноста на една индивидуа да зарази друга и статистички таа индивидуа да зарази трети индивидуи. Значи носењето на маски има значаен ефект и поради тоа нѐ заштитува сите, смета д-р Горан Кунгуловски.

Тој е биоинженер во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина, која е дела од клиниката „Жан Митрев“ и компанијата „Биоинженеринг ДОО“. Тој е еден од основачите на Наука за сите, каде повремено пишува и аргументирани мислења.

„Но, носењето на маски на отворено, – вели Кунгуловски – каде што нема висока концентрација на луѓе, кадешто нема долготрајна концентрација на луѓе е тотална глупост. Нема никаква научна основа, нема никаков здравствен бенефит (освен што можеби како шалче ќе ни ги топли лицата зимоска), туку само директно и непотребно ги нарушува слободите на граѓаните. Единствен начин кога е прифатливо слободата да се намали или наруши (да се направи trade off) е кога во прашање се доведува животот и здравјето на индивидуите во едно општество. Носење на маски на отворено, не е тоа“, дециден е д-р Кунгуловски во неговата објава на социјалните мрежи.

Наместо да се носат мерки „ради реда“, смета тој, треба фокусот да биде на едукација и спроведување на тековните мерки. Според него, секој граѓанин треба точно да знае: кој тип на маска, каква функција има; како се става, како се вади маската; правилно носење на маските – носење на маска под уста или под нос не е носење маска, еквивалент е на неносење на маска.

повеќе

SHARE