„Гледам вчера поворката на погребот на Бајрам, била спроведена од полицијата, си ги направиле адетите, многу луѓе влегле во куќата за да се поздрават. очно така букна епидемијата во Дебар на почетокот, ако се сеќавате, од погреб. Сите сакаат да го заобиколат системот, а после кога нема капацитети,  прашуваат зошто нема капацитети, рече д-р Александар Стојанов за Слободен печат.

Директорот на ЦЈЗ Скопје д-р Стојанов вели дека не може да се направи епидемиолошка анкета на приутните – 300 луѓе на свадбата на внуката на Абди Бајрам во Истанбул. 

„…како да ги најдеме тие 300 души? Ние сме шестмина епидемоилози за цело Скопјеи не знаеме како да постигнеме“ вели Стојанов според кој контактирани блиските на Бајрам, но дека не наишле на соработка.

SHARE