Да беше светот бајка

Дедо Мраз поделил околу 7,3 милијарди подароци на децата од целиот свет пред да се врати во неговиот дом Северниот Пол, јави Северно-американската вселенска команда (NORAD).

Се разбира ова е измислена бајка наменета за децата од САД, во која се вели дека „NORAD објави дека оваа година една од последните дестинации на Дедо Мраз биле Хаваи.

Според NORAD први своите подароци ги добиле децата од Австралија и од Нов Зеланд, а потоа тој поминал над Јапонија, Кина, Индија, Африка, Блискиот Исток, Европа, Латинска Америка, Гренланд, Русија, САД и Канада.

NORAD го следи патувањето на Дедо Мраз од 1955 година, користејќи 47 радари за таа цел, пишува ТАСС.

SHARE