Да бил Крсто Мукоски, Костадинов ќе си дал оставка!?

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов изјави дека кога тој би бил на местото на Крсто Мукоски до сега ќе си поднел оставка за да покаже морал и етика.

Мукоски беше дел од групата која се гонеше за настаните во Собранието од 27 април, а на снимките се виде дека токму тој и ги отвори на толпата вратите од законодавниот дом.

Костадинов, по оставката на Богоевски, денеска побара морална одговорност и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и глас за одземање на мандатот на Груевски, јави „Сител“.

Инаку, пратеникот Мукоски утре ќе биде дел од македонската делегација која во Рим ќе усчествува на чествувањето на Св.Кирил, што предизвика реакции во јавноста.

SHARE