За покривање на основните животни трошоци на четиричлено семејство во јули годинава му биле потребни во просек 531 евро, покажуваат најновите податоци за минималната кошничка кои ги подготвува Сојузот на синдикатите на Македонија, ССМ.

Најмногу едно четиричлено семејство троши за исхрана 13.574 денари, за сметки за домување 10.409 денари, за хигиена 2.306 денари, за превоз 2.408 денари, за облека и обувки 2.177 денари, за култура 1.070 денари и за одржување на здравје 706 денари.

Или, од вкупните минимални трошоци од 32.710 денари, 23. 983 или 390 евра се само за исхрана и за сметки.

Според Државниот завод за статистика во мај годинава просечната нето исплатена плата изнесувала 25.270 денари или 411 евра.

Плати пониски од 20.000 денари се исплаќаат во секторите: земјоделство, шумарство, сервисни дејности со храна, објекти за сместување, административни и помошни дејности.

SHARE