Да им помогнеме на осумте Македончиња што живеат во мизерија

По сторијата на ТВ Алфа за осумте дечиња од селото Црешнево, општина Македонски Брод кои што живеат во мизерија со само 23 денари апел до сите што сакаат да помогнат со цел децата да почнат да живеат во нормални животни услови.

За тие што сакаат да помогнат парично од денеска можат да донираат на банкарската сметка на нивниот татко Велче Цветаноски:

Комерцијална банка

Број на трансакциска сметка: 300027050634961

Партија:50634965

Девизна сметка: 02-307-0645432.8

Име и Презиме Велче Цветановски

А денеска реагираше и министерството за Труд и Социјална политика. Од таму велат дека ова министерство не е надележно за доделување на социјални станови а дека денеска Цветаноски поднесол барање за користење на детски и образовен додаток за осумте дечиња.

Интегрално реакцијата на МТСП

Во врска со вашата репортажа „Таткото ја покани Царовска да поживее со мизеријата на 8 дечиња во Црешово“, објавена во дневникот на ТВ Алфа, ве информираме дека распределбата на социјалните станови не ја прави министерката Мила Царовска и Министерството за труд и социјална политика, туку Министерството за транспорт и врски по електронски пат и со строго утврдени критериуми.

Таткото Велче Цветановски е редово посетуван од социјалните работници од Центраот за социјални работи во Македонски Брод и е информиран дека може да користи права од социјалната реформа. Истовремено ве информираме дека Цветановски денеска поднесе барања во меснонадлежниот центар за остварување користење на детски и образовен додаток кои се предвидени со социјалната реформа.

Репортажата за 8те деца во Црешнево