Да имаше “Антикорупциска” ќе го гонеше премиерот за референдумска корупција (ВИДЕО)

Најавата за награда за гласачите од приватни фирми кои што се во контакт со премиерот во кампањата за 30 септ3мври е директно кршење на изборниот законик и референдумската кампања коментираат правни експерти кои што се плашат јавно да проговорат за најновиот корупциски скандал предизвикан од премиеро.

Премиерот Заев вчера во Крива Паланка отворено ги повика бизнисмените и сопствениците на компании „да го отворат ќесето“ и да ги почестат работниците пред референдумот.

Во скандалозната изјава, Заев практично бара компаниите преку бонуси или плус плата да ги поткупат работниците да излезат и да гласаат на референдумот.

Оправдувањето за ваквата постапка, според изјавата на Заев, премиерот ја гледа во, како што вели, блескавата иднина која и претстоела на Македонија

– Еве денес и приватните компании се разбудени. Слушнав денеска во Владата се видовме со инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на реферндумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се оствараат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците од тоа што верува дека блеска Македонија во моментот, но и неговите инвестиции во оваа Македонија. Имаме директори на компании во Македонија, Македонци кои велат „ќе дадеме уште една екстра плата затоа што и за мојата фирма се отвора перспективата“. Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе, изјави Заев во Крива Паланка.

Да имаше Македонија антикорупциска комисија и функционална ДИК, премиерот веднаш ќе беше повикан да ја објасни очигледната изборна/референдумска корупција.

Видео на овој линк