Скандал се случил на средбата на европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеи, со српската премиерка Ана Брнабиќ и министрите, кога Ивица Дачиќ вербално го нападнал гостинот, кој потоа ја напуштил средбата, пишува Блиц.

Дачиќ, според весникот, грубо му забележал на Вархеји дека не знае каде дошол, дека не реагира додека некој ги граба српските манастири на Косово, дека молчи за таксите што ги наметна Приштина за стоката од Србија, дознава Блиц од приустви на средбата. 

Сите биле шокирани, а Вархеи го вклучил микрофонот и му се обратил на српскиот министер за надворешни работи, Дачиќ.

„Јас сум единствениот европски комесар што реагираше на таксите, го осудив она што се случува во Црна Гора, Србија е првата земја во која дојдов по воведувањето на новата методологија и конечно, дојдов тука за да ви помогнам“, рекол Вархеи.

Потоа тој го исклучил микрофонот, ѝ пришол на Ана Брнабиќ, се ракувал со неа и ја напуштил просторијата.

SHARE