Дачиќ: Неекстрадирањето на Морина е политичка одлука

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, смета дека е политичка одлука тоа што Македонија не го екстрадираше на Србија поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина.

“Ако некој се наоѓа на потерница на Интерпол, тогаш што има да се размислува дали да го екстрадира или не. Тука очевидно во прашање се политички причини“, вели српскиот министер според кој овој овој случај како и тоа што Франција го уапсила а потоа го ослободила Рамуш Харадинај претставува „аболиција за терористи, луѓе кои вршеле воени злосторства и тоа е неприфатливо“.

SHARE