Дачиќ: Сега велиме дека Косово е срцето на Србија, а Пашиќ и Караѓорѓевиќ ја сметаа Македонија

Министерот за надворешни работи на Србија во интервју за српската телевизија Хепи се пројави и како историчар, спомнувајќи ја и Македонија.

„Ние сега велиме дека Косово е срцето на Србија, а во 1914 и во 1918 година Никола Пашиќ и Караѓорѓевиќ велеа дека Македонија е срцето на Србија, односно ‘Стара Србија’, како што се викала некогаш. И тогаш во 1915 година силите на Антантата во Лондон, затоа и се вика Лондонски договор, а тоа се Велика Британија, Франција и Русија, ѝ предлагаат на Србија да ѝ даде дел од Македонија на Бугарија, за Бугарија да се привлече да влезе во војна против Германија и Австрија, а Србија да се прошири на друга страна, да ја земе Босна и Херцеговина и да има излез на море сè до Дубровник. А Никола Пашиќ и Караѓорѓевиќи велат: ‘Тоа е навреда за нас од две причини: Македонија е срцето на Србија и второ, ние рековме дека со браќата Хрвати и Словенци ќе ја правиме Југославија“, рече првиот потпретседател на Владата на Србија задолжен за безбедност и за надворешна политика.

SHARE

3 Коментари

  1. А ти Дачо толку се трудиш да ги расипеш односите со обичен народ во Македонија македонци (и Србија/Македонија), па јас се прашувам дали работиш за Србија или за САД и Бугарија/Сорош. Ги оправда сите Македонски стравувања дека Србија и србите сакаат да ја асимилираат Македонија! Тука на иста линија сте со ЗАЕВ! И тој вели исто, и дава телеком и банки на Бугарија!

  2. Ko to tamo pjeva! So ova Dacko si priznava deka Slovenite Srbi se odrodeni Sloveni od Makedonija, pa tesko im padnalo koga vo london se unistuvala Makedonija ….
    Koj e postar Dacic ili pesnata ?

  3. Тој само ги забавува гледачи, ха, ха, ха! Не знам ни зошто Експрес пренесува овие заебанции …?

Comments are closed.