Дачиќ: „Србија нема да биде дел од коалицијата против Турција“

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, денеска во Анталија рече дека Србија никогаш нема да биде дел од „коалиција на оние кои сакаат да работат против Турција“.

Тој присуствуваше на свеченото отворање на српскиот конзулат во Анталија, на југот на Турција, со министерот за надворешни работи на Турција, Мелвут Чавушоглу.

„Србија никогаш нема да биде дел од каква било коалиција на оние кои сакаат да работат против Турција, вклучувајќи и некои од организации кои се наоѓаат во земјите во нашиот регион, а Србија никогаш и нема да обезбеди засолниште за секој кој се борел против турските интереси, турската држава и нашите турски пријатели “, рече Дачиќ .