По расправијата за правата на Албанците и Србите во Косово со амбасадорката на Косово во САД, Вљора Читаку, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ покажа двојазичен извод на родени на амбасадорката , издаден 1980-година за време на СФРЈ.

Дачиќ ѝ се обрати на Вљора Читаку и ја праша како не ѝ е срам да лаже дека немале никакви права во Србија.

Тој и се обрати на српски и ја праша зошто не бара да биде отпишана како државјанин на Србија.

Амбасадорката Читаку по ова реагираше на Твитер и ја обвини Србија дека ја украла сета документација од Приштина.

„Дачиќ сакаше да ме заплаши, но не успеа“, напиша таа.

SHARE