Дали ДУИ ќе го поддржи новиот закон за ЈО!?


Законот за Јавно обвинителство со кое СЈО станува негов дел помина од Владата со најава дека итно ќе биде пуштен во Парламентот, но, се чини, нема двотретинско мнозинство овој закон да се изгласа бидејќи „поддршката од ДУИ за СЈО да може во иднина да влегува и да врши истраги за висок криминал и кај нивни министри и директори, се проблематизира“ дознава порталот „Сакам да кажам“.

„Во архивите не постои податок дека обвинител влегол да истражува кај министер, директор, функционер на ДУИ за 15-годишното владеење на оваа партија. Со автономијата што му се дава на СЈО сега со предложениот Закон за Јавно обвинителство, без бомби (прислушувани разговори), идното специјално обвинителство ќе може по сомневања за сторен криминал и злоупотреби, за првпат да истражува и кај поранешни и сегашни функционери на партијата на Али Ахмети“, пишува порталот.

ДУИ е на власт 15 години, со мал прекин од година и пол (од 2006 до 2008 година), кога ВМРО-ДПМНЕ коалицираше со ДПА. Претходно владееше со СДСМ.

Извор:СДК

SHARE