Дали евроскептиците ќе го блокираат Европскиот парламент

Ново истражување на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR) пред изборите за Европскиот парламент во мај покажа дека евроскептичките партии се на пат да освојат една третина од местата во собранието, што би можело да ја поткопа кохезијата и безбедноста на Европската унија.

„На подолг рок, нивната способност да го парализираат процесот на донесување одлуки во центарот на ЕУ ќе го поништи аргументите на про-Европејците дека проектот е несовршен, но способен за реформи“ се вели во Изваштајот.

Во овој момент, ЕУ ќе живее со позајмено време “, се вели во извештајот” насловен: „Европските избори во 2019 година: Како анти-Европејците планираат да ја уништат Европа и што може да се направи за да се спречи тоа “, пренесуваат медиуми.

Во извештајот се заклучува дека изборите за  Европскиот парламент, во мај годинава, ќе бидат најзначајни во историјата на на оваа европска нституција.

Во Извештајот се предупредува дека иднината на Европа, како глобална власт способна да ја гарантира безбедноста и просперитетот на граѓаните, е во опасност.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.