Дали го добивме гафот на изборната кампања? (ФОТО)

Постот на вицепремиерката за економија и екс министерка за труд и социјала Мила Царовска конкурира за еден од најголемите гафови во предизборната кампања.

Таа во постот напишала “Местото на социјалдемократките е секогаш блиску до синдикатите 🤝” и објавила фотографија на која пишува “Синдикат”.

Проблемот со овој пост е што Царовска се сликала пред кафеаната со име “Синдикат” а не во некој од гранковите или независни синдикати.

Во постот на Царовска не е објавен симболот 🙂 што може да значи дека објавувачот се шегува што дефинитивно не е случај кај Царовска во овој пост.

Зошто Царовска вели дека социјалдемократките се секогаш блиску до синдикатите а се сликала пред кафеана не им е јасно ниту на најголемите поддржувачи на нејзината партија СДСМ.

Во големата конкуренција за најголем гаф на кампањата е и изјавата на нејзиниот партиски шеф Зоран Заев кој на предизборен митинг изјави дека Гоце Делчев се борел против слобода и социјални правдини.

Заев „блесна“ и во Куманово: Гоце Делчев е нашиот најголем јунак за борба против слободата?!

За гаф на кампањата конкурира и нивниот коалиционен партнер екс генералот Стојанче Ангелов кој Гоце Делчев на ТВ дуел го спореди со Зоран Заев.

Местото на социјалдемократките е секогаш блиску до синдикатите 🤝

Posted by Мила Царовска on Saturday, July 4, 2020

SHARE