Дали Груби најавува „попуштање“ на ДУИ околу учество во идната влада

„Време е за умереност, смиреност и да ги засукаме ракавите со цел да продолжиме на нашиот евроатлански пат, толку потребните реформи кон вистинско владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, но и економско закрепнување за да се поправат последиците од ковид-19 со воспоставување на одговорни институции“, објави на Фејсбук организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби.

Медиуми ова го толкуваат како „спуштање на топката“ од страна на ДУИ во пресрет на формирање ново парламентарно мнозинство и за учество во идната влада.

Интересно е дека овој статус на организацискиот секретар на ДУИ доаѓа непосредно по средбата на неговиот партиски колега, вицепремиерот Бујар Османи со евроамбасадорот Жбогар, забележува „360 степени“.