За уште една недела се пролонгирани мерките да за заштита од коронавирусот, што значи дека до 13 март согласно препораките на владата нема да се одржуваат масовни собири а спортските натпревари ќе се одржуваат без присуство на публика.

Мерката на владата, како што објасни денеска Филипче, е поради тоа што бројот на заразени од новиот вирус во Европа се зголемува и надмина 4,5 илјади.

Ова го поставува прашањето дали и во какви услови ќе се одигра полуфиналниот бараж-натпревар од Лигата на нациите за пласман на ЕП 2020 меѓу Македонија и Косово.

Доколку тој тренд продолжи со ист или зголемен интензитет, можно е мерките на Владата да бидат уште еднаш пролонгирани и на подолг период, нема да биде изненадување да биде побарано и средбата Македонија-Косово на 26 март да биде – без публика.

Дополнителен проблем се  и македонските и косовските репрезентативци кои игараат за италијански клубови и кои, при доаѓањето во Македонија, за натпреварот ќе мора да ги поминат сите неопходни здравствени контроли.

Инаку, според интересот, се очекува на натпреварот во арената „Тоше Проески“ и за кој веќе се пуштени во продажба билетите да има триесетина илјади навивачи

SHARE