Дали „метлата“ ќе почне со Кирацовски и Филипче

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски треба да е прв на удар на „метлата“ на Зоран Заев, покажа он лајн анкетата која Фактор ја направи во претходните два дена.

За тој период својот глас го дадоа вкупно 6.886 читатели од кои дури 29 отсто или 1.989 гласа доби Кирацовски.

Венко Филипче, министерот за здравство, судејќи по оваа анкета треба да е, исто така, меѓу првите кои треба да бидат заменети. За Филипче гласале 1.719 луѓе или 25 отсто од читателите кои се изјасниле. На третото место е вицепремиерот Кочо Анѓушев кој има 1.031 глас или 15 отсто од сите.

Фактор ја постави оваа анкета веднаш по изборите. 

SHARE