Дали наследникот на Иванов ќе се избира во Собрание!?

Доколку нема доволна излезност на претседатслските ибори во мај, власта размислува да се промени начинот на избор на претседател на Република Македонија.

Ако во мај не биде избран наследник на Иванов, функцијата ќе ја преземе вториот човек во државата, односно претседателот на Собранието, Талат Џафери, а власта би иницирала процес на уставни измени според кои идниот шеф на државата ќе се избира во Собрание

Така, наместо на непосредни избори на кои одлучуваат граѓаните, иднина изборот на претседателот ќе зависи од парламентарното мнозинство кое обезбедува  избор на влада.

Според постоечкиот закон, за претседател во прв круг е избран оној кандидат кој освоил мнозинство гласови. Односно во вториот круг победник е кандидатот кој добил мнозинство гласови и доколку гласале повеќе од 40 отсто од гласачите.

SHARE

1 Коментар

  1. Не се чекаше долго за да се пушти уште еден пробен балон! Треба да ги разбереме сепак “Празници се ближат“ нели?
    За се ќе пишуваме ама за оние работи кои не засегаат сите ќе молчиме и ќе ги прогласиме за табу тема, па така уставните измени и промената на идентитетот на Македонците преку трите клучни проекти (1. тиранска платформа, 2. договор со Бугарија и 3. договор со Грекија) на оваа квислиншка влада ќе ги заобиколуваме и ќе се однесуваме кон нив како да се работи за Марсовци а не за нас самите.
    Не гледам интерес некој да направи еден хронолошки след на работите од последните 4-5 години ксо што би се добила големата слика и целите кои се поставени со сценариото, а за кое мислам дека е работено од најдобрите мајстори-режисери и дека за секоја фаза се направени барем по десетина симулации.
    Ова фаза со која би се направиле измени во Уставот а во врска со изборот на Претседател на Македонија според мене е само уште еден чекор кој не насочува да не речам втурнува во бурните настани кои понатаму би следеле а како завршница би биле нови контури на балканот и дефинитивна доминација на западните колонијални сили.
    Некои сметат дека се тоа само желби на западњациве без да ги вкалкулираат интересите на новите сили и веќе видливиот мултиполарен свет, тој нов Свет кој и покрај сите противења на досегашните хегемони, веќе е видлив и полека ги зафаќа и народите на Балканот.
    Веќе 25 години ме заболеа прстите од пишување дека ако сакаме држава и сме сериозни треба и мораме да созадеме институт за геостратешки политики и истражувања кој на нашите политиканти би им презентирале една визија за тоа каде оди светот, каде се наоѓаме и како да се заштитиме од некои работи. Најпрво не можев да видам дека нашите политиканти иако формално избрани на некакви си избори всушност се сите до еден ИНСТАЛАЦИИ на тие межународни центри на моќ, анам ни се сервираше избор помеѓу магаре и змија, па затоа и немаше интерес за еден таков институт, што ќе им е институт и разум на лица кои се само трансмисија на нечии (западни) интереси.
    Но што е тука е, не се може надвор од своја кожа, можеби во некои подобри времиња и тоа ќе бидне!

    П.С.
    ме интересира зошто тнр. опозициони медии не известуваат за активностите на Македонија Блокира? За тутурутките (како оној Џамбаски) секој трета вест а за Македонците кои на улица на минус температури протестираат за Македонија ни збор, што ти е живот и демонкратија а!
    Ај што ни е квислиншкава власт чудна ама и опозицијава е уште почудна, на кого му е опозиција на тиранската власт или на народот?!

Оставете Коментар