Дали Пендаровски стварно му се обратил на Бојко со „љубави“

На социјалите мрежи на големо се споделуваат реакции по едноминутното видео од средбата на македонскиот претседател Стево Пендаровски со бугарскиот премиер.

Накусо, во ввидеотоо, Пендаровски му приоѓа на Бојко со зборови кои, според некои медиуми, наликува на „кај си љубави“!?,.

Бојко му возвраќа со „кај си бе“, на по што следува прегрнување и искрено „те поздрави Зоки“ од страна на македонскиот претседател.

Борисов неколку часови подоцна за лицето на кое му се обраќа на „бе“ ќе зборува како за севрномакедонски  претседател и северномакедонски политичар.

За последново, премиерот Зоран Заев, вчера најави дека ќе биде испратена нота до бугарската страна, за што известија и бугарските медиуми.

Се уште нема информации дали протестната, претпоставуваме, нота е испратена, а нема ни реакции од бугарска страна.

SHARE