Предлог за измена на Законот за управување со отпад, по скратена постапка ќе се најде на денешната собраниска седница а пратениците треба да се изјаснат по предлогот на Маја Морачанин и Лилјана Поповска да се забрани за увоз на отпад кој се согорува и се користи како извор на енергија.

Од О2 иницијативата велат дека денес ќе ги видат партиите на дело:

„Господине Талат Џафери се надеваме дека точката на дневен ред под број 19 нема да биде оставена за крај, заедно со информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија“, се вели во објавата на О2 иницијативата.

Во текот на 2019 година вкупната количина на увезен отпад во земјата бил 2.215 тони и не станувало збор опасен отпад, а само една компанија користела отпад како гориво.

Соопштението следуваше откако во соседна Бугарија се отвори истрага за увоз на отпад од Италија преку фирмата „Блацион ДОО“ во која се јавуваат како косопственици двајца македонски државјани.

Од Царинската управа соопштија дека според нивни податоци споменатата компанија,не уверзувала отпад во земјава.

SHARE