Дали СДСМ ќе стане СДС?

Има две опции за идно име на владејачката СДСМ, сега откако влезе во употреба новото име на државата, а тоа прашање ќе се отвори на вечерашниот состанок на Извршниот одбор.

„Има предлози да биде само Социјалдемократски сојуз или Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија“ вели лидерот Зоран Заев.

Ако се одлучи да се прифати името Социјалдемократски сојуз, тогаш кратеницата би била СДС, кратеница која ВМРО-ДПМНЕ ја користеше во навредлива конотација, пишува Фокус.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.