Дали штедачот кој загуби 7 милиони евра во Еуростандард е топ екс спортист?

Извори кои имаат пристап до листата на штедачи во Еуростандард банката која пропадна минатиот месец ги откриваат иницијалите на штедачот кој во банката загубил фантастични 7 милиони евра.

Неговите иницијали се идентични со иницијалите на екс спортист со меѓународна кариера и со угостителски бизниси во Македонија но се уште официјално не се потврдува за кого точно се работи.

Според изворите штедачот ги чувал своите пари во оваа банка најверојатно затоа што таа во последниве десетина години таму биле највисоките камати за орочени штедни денарски и девизни влогови односно годишно на име на камати заработувал огромни суми за просечен македонски граманин.

Лицето за кое се уште нема потврда дека е штедачот кој загуби рекордни 7 милиони евра заштеда беше споменувано за време на кампањата за референдумот за промена на името кога јавно се залагаше за промена на името на Македонија.

Своевремено тој беше дел од екипа на светски шампиони но меѓународната кариера ја заврши откако по кратко време на европските терени не успеа да да даде очекуваниот квалитет од новиот клуб, еден од најбогатите и најпопуларни во Европа.

Ниту стечајната управа на банката ниту спортистот засега ги потврдуваат информациите за идентитет на штедачот кој загуби огромна сума на пари.