„Доналд Трамп не треба да прими Нобелова награда за мир. Но, дали ќе добие? Французите имаат прекрасен израз „vooyons voir“, кој може грубо да се преведе како ‘да почекаме и да видиме што се случува’“, вели познатиот словенечки филозоф, Славој Жижек.

Жижек потсетува дека досега 4 американски претседатели добиле Нобелова награда за мир: Теодор Рузвелт, Вудро Вилсон, Џими Картер (по заминувањето од функцијата) и Барак Обама во 2009 година за неговите „вонредни напори за зајакнување на меѓународната дипломатија и соработка меѓу луѓето“, вели Жижек според кој ова објаснување беше целосно погрешно.

Инаку, Доналд Трамп  формално е номиниран за Нобелова награда за мир за напорите на американскиот претседател за решавање на севернокорејските нуклеарни тензии. Предлогот до  Норвешкиот Нобелов комитет го испратиле  група од 18 најголеми републикански поддржувачи.

Иако неверојатно дека Трамп ќе биде петтиот, Жижек во напис што го пренесува РТ вели дека, ако тоа се случи, треба да се имат на ум две нешта:

Прво, големиот компромис што овозможи пробив кон мирно решавање на корејската криза не го направи  Трамп, туку Ким Јонг-Ун и тој би требало да биде награден: „Слабоста на оваа идеја е очигледна – ќе биде за потсмев да се даде Нобеловата награда за мир на лидерот наа најверојатно најрепресивниот режим во светот“.

Второ, до не така одамна, Трамп се натпреваруваше со Ким околу копчињата за активирање на нуклеарни проектили што ги имаат на располагање, со тоа што, вели Жижек, Американецот „тврдеше дека неговото копче е поголемо од оној на неговиот колега во Пјонгјанг“.