Дали учебната година ќе трае до 31 август?

Владата донела одлука учебната година да трае до 31 август 2021 година, објави Нетпрес.

Одлуката била објавена во Службен весник на 27 септември, објави порталот.

„Учебната 2020/2021 година во основните училишта започнува на 1 октомври, а завршува на 31 август 2021 година“, пишува во Одлуката на Владата за увтрдување на започнувањето и завршувањето на учебната 2020/2021 година во основните училишта во услови на вонсредни околности, објави порталот.

SHARE