Дали вчера беше најлошиот ден за владата на Заев?

Владата на Зоран Заев кој во последните 2 месеци најмалку 10 пати јавно изјави дека неговата администрација блеска вчера се соочи со еден од најцрните денови од формирањето.

За само еден ден, вчера Заев доби 5 сериозни удари и тоа од двајца членови на неговиот поширок досегашен владин тим, еден релевантен истражувачки медиум, како и од амбасадор на пријателска земја.

На почетокот на денот вчера Заменик министерот за образование Петар Атанасов кој е и висок член на СДСМ порача дека има корупција и неработење во владата.

Потоа францускиот амбасадор Тимоние пред министерот Дамјан Манчеваки без дипломатски ракавици изјави дека владата е полна со корупција.

Црнилата на владата на Заев продолжија со информацијата на истражувачкиот проект SCOOP кој откри дека министерката за труд и социјала Царовска за една година запишала 6 пати повеќе имот во имотниот лист а семејството на вицепремиерката Шеќеринска се подновило со луксузно возило за забава вредно речиси 40 просечни македонски плати.

И на крајот на “Црниот понеделник” за оваа влада екс советникот на министерот за финансии Тевдовски, Бранимир Јовановиќ, го посочи вицепремиерот Кочо Анѓушев дека мести милионски тендери.

Во нормални држави само половина од овие скандали би биле доволни за оставка на владата и распишување предвремени избори.

SHARE