Извршниот директор на авиокомпанијата „Виз-ер“, Јозеф Варади вели дека неодамнешното отворање две нови авио-линии од Приштина нема да го попречат работењето на нискобуџетната компанија од Скопје. „Мислам дека сé уште се обидуваме да го проучиме [косовскиот] пазарот. Имаме ограничено присуство во Приштина“, вели Варади.

Запрашан дали авиокомпанијата ќе ги „префрли“ своите авиони на аеродромот во Приштина, главниот извршен директор изјави:

„Не во моментов, можеби во подоцнежна фаза, но во овој момент, не”.

Од „Виз-ер“ велат дека не се вознемирени од двата неуспешни тендери распишани од македонската влада за субвенционирање на нови летови.

Нискотарифната авиокомпанија беше единствениот авио-превозник кој аплицираше, но на два пати беше одбиена поради наводните недостатоци во апликацијата.

Македонската влада усвои планови за отпочнување на нов тендер за нискобуџетен аеропреозник, но допрва треба да објави јавен повик.

„Доколку владата отпочне нов процес, ние сигурно ќе го разгледаме и најверојатно ќе аплицираме“, вели Варади.