Даноски играч на колото во Суперлига на Србија во фудбал

Македонскиот фудбалски интернационалец Зоран Даноски е прогласен за најдобар играч во 21. и последно коло од есенскиот дел во Суперлига на Србија.

Фудбалерот на Радник од Сурдулица за признанието се избори со еден постигнал гол и две асистенции во победата на неговиот тим од 3:2 на домашен терен против ОФК Бачка.

Прилепчанецот на возраст од 28 години игра на позицијата лево крило во летниот преоден рок дојде во Сурдулица од прилепска Победа и во досегашните седум настапи сезонава има еден погодок.

Кариерата ја почна во Кожуф од Гевгелија, настапуваше и за чешките прволигаши Мост и Прибрам, како и за хрватски Интер од Запрешиќ, а во Македонија покрај за Победа уште и за Металург и за Тиквеш.

SHARE