Во интервју за Би-би-си Србија, македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, направи непримерна па дури и навредлива споредба меѓу двата најпопуларни спортови во Македонија – фудбалот и ракометот. 

„Да споредувате фудбал со ракомет е исто како да споредувате професор во средно образование со Ајнштајн.

Па, кој гледа ракомет во Европа? Сепак, титулите на Вардар донесоа голема радост во Македонија.

Нашиот народ е желен за спорт, сигурен сум дека ако играме финале на Светско првенство во куглање и тогаш цела сала ќе биде полна.

Но, кога сте виделе децата во школките дворови да играат ракомет. Денес не играат ништо, можеби понекогаш кошарка или фудбал“, рече Панчев, пренесува порталот „Гол.мк.

SHARE