Давидовиќ: За 27 април некој во затвор, а некој добива тендери (ВИДЕО)

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ кој е дел од одбраната на Дејан Давидовски, кого шведскиот суд одби да го екстрадира, вели дека одбраната на осудените на вкупно околу 200 години затвор за настаните на 2 април, била во право.

„Она што нас не тангира е тврдењето дека не постои терористичко здружување што ние го зборувавме во текот на постапката, навистина било така. Евентуално може да се работи за некои други кривични дела. Бевме сведоци на насилството и од тоа никој не бега, но тоа може да биде акт на насилие, учество во толпа, а не кривично дело терористичко загрозување“, вели Давидовиќ за ТВ Алфа .

Адвокатот вели дека во земјава не функционира правниот систем.

„И сега имаме ситуација кога дел од учесниците беа амнестирани, и сега се пратеници, седат дома, добиваат тендери, тоа не е правда, тоа не е правичност, тоа не е вистински правен систем“ вели Давидовиќ.

SHARE