ДДВ математика: На 1.000, 27 денари поврат

Од први јули стартува најавената мерка со која граѓаните ќе добиваат поврат од 15 отсто од платениот данок на додадена вредност (ДДВ).

Според најавите, со оваа мерка годишно кај граѓаните би се вратиле меѓу 60 и 100 милиони евра.

Мала математика, покажува дека на секоја сметка од 1.000 денари, на која ДДВ е 18 %, повратот би бил цели 27 денари. На сметка од 10.000 – 270 денари или на потрошена цела просечна плата од 26.000, поврат би бил 702 денари.

Кога предизборно беше најавена мерката, се говореше дека во секое домаќинство, по основ на поврат на 15 % од ДДВ-то, годишно ќе се вратат до 500 евра.

Пресметките сепак говорат дека за да се „врати“ толкав износ, ќе треба за една година едно семејство да потроши 18.520 евра.

SHARE

3 Коментари

  1. Не ви ја бидува математиката, како може 18 % од 1000 да е 27 ??????

  2. DDV na potroseni 1000 denari e 180 denari. So zakonot se dobiva povrat na 15% od platenoto DDV sto vo slucajov e 180 denari. 15% od 180 denari se 27 denari.

  3. ДДВ на 1000ден е 180ден.,а во 1000ден (како во случајов) е 153ден. ДДВ е влучен во цената 🙂 . Значи може да вратиме 23ден. од 1000, но ако се враќа само од храна тоа ке биде 7 ден. од 1000.

Comments are closed.