Со сооднос од 2,5:1 во гласови, граѓаните на Дојран на денешниот референдум го отфрлија предлогот од сдсмовскиот градоначалник Анго Ангов за јавно-приватно партнерство за водовод и канализација.

На успешниот референдум со излезеност од 53,34 проценти, за доделување договор за јавно-приватно партнерство за услугите снабдување со вода за пиење, одведување на урбани отпадни води и третман на урбаните отпадни води во Општина Дојран се изјаснија 405 граѓани со право на глас, 965 беа против, а 37 ливчиња се неважечки, соопшти Ангов, повикувајќи се на неофицијални резултати.

Според планот за јавно-приватно партнерство, приватниот партнер требаше да инвестира 8,1 милиони евра во период од три години во водоводна и канализациска мрежа, а за возврат да стопанисува со комуналните услуги во наредните 30 години.

SHARE