Дебар и Центар Жупа во карантин

СВР Охрид, под чија надлежност се општините Дебар и Центар Жупа, ќе преземе сет безбедносни мерки со цел строго придржување кон препораките со посебен акцент на ограничување на движењето на луѓето кои живеат во овие општини откако со одлука на Влада е прогласена кризна состојба.

На терен се преземаат интензивни активности за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, се дозволува влез само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е и строго забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

Лицата затекнати на подрачјето кои не се жители на двете општини, треба да се обратат до Регионалниот центар за управување за кризи со седиште во Локалната самоуправа, на кои, ќе им биде обезбедено сместување и се друго што им е потребно за непречен и безбеден престој.

Предвидена е координација за непречен дотур на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.