Министерството за животна средина и просторно планирање се откажало од идејата за градење регионална депонија кај селото Годивје во општина Дебрца.

„Ние ја напуштивме таа идеја, дури и ја анализираме можноста, заради поекономично управување со отпадот, таа депонија да не биде во сливот на езерото, што беа и заложбите на граѓанските организации“, изјави државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска.

Граѓаните на Дебрца се спротивставија на предлог-локацијата за изградба на депонија кај Годивје уште од самото презентирање на проектот, најавувајќи дека нема да дозволат изградба на депонија во еколошка чиста средина.

 Тие тоа го потврдија и на референдумското изјаснување спроведено во октомври 2017 година, кога против изградба на депонија на нивна територија се изјаснија дури 87 отсто од оние граѓани на Дебрца што излегоа на гласање.

SHARE