Деца заглавени во лифт чекаат спас во Ново Лисиче

Пет млади луѓе од десетина минути по 23 часот се заглавени во лифт во скопската населба Ново Лисиче во општина Аеродром.

Откако тие со помош на телефони побарале помош од свои блиски луѓе и тие не успеале да им помогнат на помош се повикани припадниците на противпожарната бригада на град Скопје.

Очевидци тврдат дека околу 23.30 минути противпожарно возило е забележано како се упатува кон зградата на булеварот АСНОМ во близина на бензинската пумпа на ОКТА, црквата Свети Јован Крстител и паркот каде што е поставен стар авион на ЈНА.

Најнова вест

Брза интервенција на пожарникарите, извадени децата од лифтот во Ново Лисиче

SHARE