Деценија откако третиот Македонец го освои Монт Еверест

На денешен ден пред 10 години професорот Сашко Кедев се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест на Хималаите.

Како што е прва објави веб страницата www.Mounteverest.net, Кедев заедно со шерпасите Пасанг Тензинг и Анг Дорџи на Монт Еверест стигнал во 8 часот изутрина на 19 мај 2009 година.

Др. Кедев е третиот Македонец што го освоил 8,848 метри високиот врв по Диме Илиевски Мурато и Глигор Делев.

Делев живее во Канада а Мурато загина за време на експедицијата и неговото тело се уште е на Хималаите.

Водечкиот македонски и еден од најдобрите европски интервентни кардиолози Кедев е единствениот Македoнец кој го поставил македонското знаме на сите седум највисоки континентални врвови.

„Во секојдневниот живот ние сме водени од емоциите, од разноразни стравови и сомнежи, наместо да бидеме водени од размислувања, идеи, конкретни зборови и дела кои што го градат нашиот карактер. Качувањето на седумте врвови ми помогна да ја сватам суштината на животот, дека се е многу кратко, дека времето е се што имаме и дека на крајот имаме помалку одошто мислиме“, изјави Кедев во 2013 година кога го оствари подвигот освојување на “7 summits”.

SHARE