Високиот степен на корупција, непочитувањето на законите и неплаќањето даноци се трите негативни сегменти кои не дозволуваат во целост да се имплементираат економските реформи во Македонија.

Ваква критика испрати советникот на владата Вaлтер Дефа, кој во земјава дојде по препорака на германската Канцеларка, Ангела Меркел.

Потребни се инвестиции, но никако не смее да се продлабочува јавниот долг, вели германскиот советник.

„Програмата за економски реформи не е само пополнување прашалници, не е тоа целта“, рече Валтер Дефа советник во владата.

Но, овие критики не го загрижија министерот за финансии Драган Тевдовски според кој земјава е рекордер во спроведувањето на економските реформи во однос на другите држави кои претендираат за членство во Европската Унија, пренесува Алсат М.

SHARE