Дејли мејл: Сорос дал 3 милиони фунти за уривање на Борис Џонсон!?


Британските конзервативци се сомневаат дека преку фондациите на милијардерот Џорџ Сорос биле префрлени безмалку 3.000.000 фунти за кампања која има за цел смена на актуелниот премиер Борис Џонсон и обид за блокирање на „Брегзит“, пишува „Дејли мејл“.

њујоршката фондација Отворено општество на Џорџ Сорос, преку свој огранок во Лондон, го спонзорира проевропското политичко движење „Најдоброто за Британија“ (Best for Britain), со што ја заобиколува забраната за странско финансирање на политички организации во Велика Британија.

Поради ова тој е соочен со можна истрага во Велика Британија, откако претставници на конзервативната партија побараа Изборната комисија итно да ги провери активностите на неговата фондација во Британија.

„Ја повикувам изборната комисија колку што е можно поскоро да истражи дали овој инцидент е воедно и кршење на правилата на финансирање и да се изјасни што има добро за Велика Британија од трошењето милиони странски пари“, изјавил претставникот на Конзервативната партија, Ендрју Перси.

Во меѓувреме, групата „Најдоброто за Британија“ соопшти дека не ги кршела правилата на Изборната комисија и оти не трошеле странски средства за нивната кампања.

Дејли мејл потсетува дека Џорџ Сорос ја втурна во банкрот “The Bank of England” во 1992 година кога предизвика пад на фунтата што доведе до инфлација на валутата и предизвика паника во владата на тогашниот премиер, Џон Мејџор.

SHARE