„Дексаметазон“ – евтин лек за тешко болните од коронавирус

Светската здравствена организација ги поздрави како „одлични вести“ резултатите од првите клинички испитувања кои покажуваат дека евтиниот и широко распространет стероид „дексаметазон“ може да помогне во спасување на тешко болните пациенти од коронавирус.

„Ова е прва терапија која покажа дека ја намалува смртноста кај пациенти со Ковид-19 кои се наоѓаат на кислородна поддршка или механичка вентилација“, рече доцна синоќа генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Ова е одлична вест и им честитам на Владата на Велика Британија, универзитетот Оксфорд и многуте болници и пациенти во Велика Британија кои придонесоа за овој научен чекор да спаси што повеќе животи“, рече тој.

Истражувачите ги споделија првичните заклучоци за резултатите со Светската здравствена организација и „очекуваат целосна анализа на податоците во наредните денови“, додаде тој во изјавата, пренесува Ројтерс.

Во студијата на тимот од Оксфорд, околу 2.000 пациенти во болницата добиле дексаметазон и нивните резултати биле споредени со околу 4.000 пациенти кои не примиле лек.

Пациентите на респиратори имале намален ризик на смртност од 40 на 28 проценти, додека пациентите со кислород поддршка имале намален ризик од смрт од 25 на 20 проценти.

Лекарите ја посочуваат и неговата цена, бидејќи третманот до 10 дена со овој лек чини околу пет фунти по пациент, или 35 за спасување на животи, а лекот е достапен ширум светот.

SHARE