Делчев ли е на ред? – Скопје бара средба на бугарско – македонската историска комисија

Членот на мешовитата бугарско – македонска историска комисија проф. Кирил Топалов открива дека на барање на Македонија до крајот на септември ќе има нова средба.

Топалов не кажува што ќе биде темата на разговорите но не се исклучува да се разговара и за Гоце Делчев.

Професорот ја обелоденува за БГНЕС информацијата дека таа годинава имала онлајн заседание.

“Пред околу месец и половина до два, некаде на почетокот на летото, навистина имало онлајн заседание на Комисијата, а предходно се сретнала во ноември лани.

Тие брзаа да си заминат по заседанието и не успеавме да го усогласиме и да го усвоиме општиот протокол. Тој општ протокол беше усвоен за време на онлајн врска од двете раководства на Комисијата. Но тоа не беше на заседанието”, вели проф. Топалов.

Тој вели дека македонскиот претседател Стево Пендаровски ја излажал македонската јавност со тврдење дека имало такво заседание.

“Во текот на целиот процес кога сме несогласувања по некои прашања, македонските членови на Комисијата не обвинуваа дека се водиме од политички мотиви во нивните становишта. Факт е дека во текот на 2019 година ние на два пати спроведовме избори за Европски парламент, но и внатрешни избори, но не побаравме прекин на работата на Комисијата затоа што имало избори.
Во текот на ноември тие јавија дека заради тоа што ќе имаат избори ја прекинуваат работата на Комисијата. Кој се води од политички мотиви? Ние или тие? Со тоа тие се разобличија дека во целост се водат од политички мотиви. Сега како што слушам тие имаат желба при крајот на септември да направиме заседание кај нив. Ние немаме ништо против. Од минатиот ноември чекаме кога ќе имаме заседание”, вели проф. Топалов за БГНЕС.

SHARE