Делчев, Сандански и Заев во твитот на денот

Твитер-акаунтот Zaev internation oficial fan‏ се избори за твит на денот во кој се надоврзува на актуелната дебата со Бугарија за етничката припадност на револуционерите Гоце Делчев и Јане Сандански, ставајќи ги во корелација со „визионерството“ на премиерот Зоран Заев.

„Не разбирам зошто на граѓаните им се потребни исламофоби како господата Гоце Делчев и Јане Сандански кога имаат космополити со моќна визија како мене“, напиша твитерџијата што прави пародија од изјавите на Заев на англиски јазик на ниво на тоа на претседателот на Владата на „Северна“.

SHARE