„Делии“ лути на Антиќ што договорил соработка на КФМ со Косово

Првиот човек на македонската кошарка Перо Антиќ го навлече гневот на навивачите на Црвена звезда, за која играше во два наврата, поради договорената соработка со Косово.

„Претседателот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија и бивш кошаркар на Црвена звезда, Перо Антиќ, потпиша Меморандум за соработка со Федерацијата на т.н. Косово на две години и предизвика лавина негативни коментари меѓу навивачите на белградскиот клуб. Тој договор подразбира акции за заеднички развој на спортот, организирање пријателски натпревари на помладите селекции, како и размена на стручњаци и заеднички тренинзи и кампови“, пишува „Српска инфо“.

SHARE