Демант од Мин. за правда: Сопругата на министерот за правда, Маринела Тушева Маричиќ повеќе од 2 години не е член на Управниот одбор на Агенцијата за европски образовни програми

Министерството за правда известува дека објавата „Турбуленции во СДСМ: Судбината на Димова зависи од сопругата на министерот Маричиќ“ е невистинита.

Повеќе од две години, сопругата на министерот за правда, Маринела Маричиќ Тушева не е член на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и уште на 24 јули 2018 година, е разрешена од Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Маринела Маричиќ Тушева била член во гореспоменатиот Управниот одбор како претставник на Министерството за образование и наука, во кое не работи повеќе од две години, односно од јуни 2018 година.

Следствено, Маринела Тушева Маричиќ на ниту еден начин не е поврзана со конкретниот случај со директорката Димова, ниту пак сега може да има било какво влијание врз одлуката за разрешување на Димова.

Во прилог Ви го испраќаме Службениот весник број 143, издаден на 1 август 2018 година, во кој може да ја најдете одлуката за разрешувањето од Управниот одбор.

Со почит,

Министерство за правда

 

 

При објавата на текстот и направениот превид, во предвид беше земен единствениот извадок од службен весник за избор на членови на УО на АЕОМ од 2017 кој е достапен на интернет.

Еxpres.mk

SHARE