Демократски сојуз: Дали и кој увезува отпад во Македонија?

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов бара темелна истрага за увозот на отпад во Македонија за да се утврди дали тој се увезува за складирање или за горење.

Аферата во Бугарија околу сомнителниот отпад од Италија, ја наметнува потребата од непосредна соработка со бугарските власти, покрај другото бидејќи како увозник се јавува фирма каде сопственички удел има и директорот на ЈП „Дрисла“ каде се складира отпад.

Важно е да се провери и тоа дали директорот на „Дрисла“, претпријатие кое извршува функција за граѓаните од исклучителен јавен интерес, може да има фирма за трговија со отпад дома или во странство.

Натаму, инспекторите за животна средина треба да направат вонредна контрола и проверка на сето она што се складира и гори во депонијата „Дрисла“, но и во други фирми кои користат отпад во процесот на производство“, велат од ДС.

SHARE