Непознати вандали комплетно ја оштетиле плочата на соменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ посветен на егзодусот на над 20.000 деца – жртви од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.
Споменикот на децата бегалци беше откриен на 30 јуни 1988 година, кога во Скопје е одржана Првата светска средба на децата бегалци.
Извор: СкопјеИнфо