На 115-от ден на граѓанско незадоволство од властите, демонстрантите во Софија истоварија тикви пред зградата на бугарската влада и порачаа „Ајде да го зготвиме Бојко“, јави репортерот на БГНЕС.

Пред големиот куп тикви е поставена најголемата и најзрелата тиква со пердуви поставени на неа, симболизирајќи индијански поглавица на која пишува „Честит именден“ .

Иницијаторите на денешната акција која се совпаѓа со американскиот „Ноќ на вештерките“ (Halloween) обезбедија и лица кои цртаат или пишуваат пораки на тиквите и на тој начин го изразуваат својот протест против премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев.

Подоцна, луѓето можат да ги однесат тиквите дома и да ги готват, јавува БГНЕС.

SHARE