Грција ги поддржува евроинтеграциите на Западен Балкан, можеме да ѝ бидеме најдобар сојузник на с. Македонија, а во спроведувањето на Договорот од Преспа има напредок, но новото име треба да го користат сите, порача шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по денешната средба во Атина со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Грција е подготвена да обезбеди техничка помош за да се поддржат напорите на земјите од Западен Балкан за пристапување кон ЕУ. Во овој контекст дозволете ми да потенцирам дека целосното, конзистентно имплементирање на Договорот од Преспа е начин за обезбедување на напредокот.

Две години откако Договорот стапи во сила, препознаваме дека има напредок во спроведувањето на промената на името. Но, потребен е поголем прогрес – од една страна во користењето на името и терминологиите од сите државни институции и приватни субјекти, вклучувајќи и интернет-страници- вели грчкиот минстр.

Тој исто така порача дека е „потребен и прекин на антиквизацијата – отстранување на сонцето од Вергина од сите јавни површини, преименување на патишта и објекти. Она што е кристално јасно во Преспанскиот договор е јасноста за она што се случи во античкиот период, а едно е јасно – со сета почит, вашите сонародници, а вие тоа го прифативте, не биле дел од кампањите на Александар“, рече Дендиас на заедничката прес-конференција. (360 степени)