Јавната обвинителка Лиле Стефанова, денеска треба да сведочи за случајот „Рекет“ откако претходно рочиште беше одложено поради болест на адвокатите на Катица Јанева.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

SHARE