Денес одлука дали ќе продолжи вонредната состојба

Вонредна владина седница треба да се одржи денеска на која ќе биде одлучено дали Владата ќе предложи продолжување на вонредната состојба.

Во текот на денот, ќе заседава и Советот за национална безбедност на чело со претседателот Стево Пендаровски каде ќе биде потврден или одбиен предлогот на Владата. 

По олабавувањето на мерките се веруваше дека вонредната состојба ќе биде укината, но по бројката од 52 нови случаи на коронавирус вчера, речиси е сигурно дека ќе биде продолжена.

Од одлуката за вонредната состојба зависи и датумот на одржувањето на изборите, за кој СДСМ инсистира да е 21 јуни.